MK |  EN

За нас

ОСНОВАЊЕ НА КОМПАНИЈАТА

Компанијата е основана во далечната 1992 година од г-нот Исмет Кочан како еден човек,фирма регистрирана во Основен суд Скопје.

Компанијата Транс Мет името го добива од комбинација на дејности со кои оснивачот имаше амбиции да се бави, кажани на англиски јазик :

TRANS-port
Mining
Engineering
Trading

Со својата посветеност кон работата фирмата брзо наоѓа свое место во општеството. Учествува во реализација на неколку значајни проекти со кои што истовремено дава свој придонес и наметнува свои принципи во начинот на делувањето во областа на градежништвото во Р. Македонија.Во текот на своето постоење Транс Mет ДОО прерасна во една од водечките градежни компании, како на домашниот така и на регионалниот пазар, благодарејќи, пред се, на способноста, иновативноста и знаењето на вкупниот тим на вработени, како и на брзиот раст и извонредната способност за прилагодување кон промените во бизнис околината.Квалитетот, брзината на изведување на работите, максималното почитување на роковите и комплетната понуда се адутите кои ја сочинуваат нашата клучна конкурентска предност.

Со постојаното проширување и унапредување на асортиманот на услуги, како и инвестирањето во модерна механизација, Транс Mет ДОО настојува да ги задоволи постојните клиенти и бизнис партнери, да привлече нови како и цврсто да се позиционира на нови, поголеми пазари, во што веќе покажува значаен успех.


Девизата на компанијата е KNOW- HOW(ЗНАЕМЕ КАКО)


МИСИЈА

Мисијата на компанијата Транс Mет ДОО е да создава големи инфраструктури со кои што ќе се интегрира во општеството како респектабилен член почитувајќи ги притоа човечките и работничките права и законите.